Мевлут Чавушоглу во Брисел се состана со својата белгиска колешка Софи Вилмес

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во главниот град на Белгија, Брисел, во палатата Егмонт се состана со белгиската министерка за надворешни работи Софи Вилмес

1568777
Мевлут Чавушоглу во Брисел се состана со својата белгиска колешка Софи Вилмес

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во главниот град на Белгија, Брисел, се состана со белгиската министерка за надворешни работи Софи Вилмес.

Чавушоглу, во врска со остварената средба со својата белгиска колешка Софи Вилмес во палатата Егмонт,  во споделената објава на својот профил преку социјалната медија истакна дека во 2023 година ќе се одблежи 185-тата годишнина од дипломатските односи помеѓу Турција и Белгија.

Велејќи дека со Вилмес разговарале за прашања во врска со турските граѓани кои се симболот на културата на заедничко живеење, соживотот, во Белгија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го рече следното: „Да не дозволиме да биде причинета сенка врз нашите билатерални односи. Ќе чувствуваме задоволство од поддршката на Белгија во нашите односи со Европската унија (ЕУ).“



Слични вести