Мевлут Чавушоглу во Брисел се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека треба да бидат уште повеќе зајакнати единството и солидарноста во Сојузот

1569113
Мевлут Чавушоглу во Брисел се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг
Mevlüt Çavuşoğlu Jens Stoltenberg Brüksel Görüşme.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во главниот град на Белгија, Брисел, се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Средбата се одржа во штабот на НАТО во Брисел.

Чавушоглу во споделената објава преку социјалната медија по средбата, истакна дека треба да бидат уште повеќе зајакнати единството и солидарноста во Сојузот.

„Нашата земја одигрува критични и предводнички улоги во силата на одвраќање и одбраната на Сојузот. Ќе продолжиме да ги поддржуваме мисиите на НАТО во Авганистан и во Ирак.“ - порача министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести