Чавушоглу се состана со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и известувачот на ЕП за Турција Начо Санчез Амор

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Брисел се состана со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Турција Начо Санчез Амор

1569330
Чавушоглу се состана со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и известувачот на ЕП за Турција Начо Санчез Амор
Mevlüt Çavuşoğlu AB Konseyi Başkanı Charles Michel2.jpg
Nacho Sanchez Amor-Mevlut Cavusoglu.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Брисел се состана и со претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел по што се појави пред камерите и притоа даде изјави во врска со содржината на остварениот разговор.

Чавушоглу по прашањето на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) истакна дека на средбата постигнале согласност да се работи на патната карта за конкретните чекори коишто би можеле да се фрлат.

Велејќи „Истата одлучност (во врска со позитивниот приод) ја согледавме и кај нашите соговорници, тоа сакаме да го видиме и во практика“, Чавушоглу истакна дека сигурно треба да се стави во примена визната либерализација која е ветување на Европската унија (ЕУ).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно информира дека претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен ќе дојдат во посета на Турција, во врска со што ја сподели следната информација: "Нашиот претседател ги покани претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија во Турција. Тие ја прифатија поканата. Го утврдуваме датумот."

Мевлут Чавушоглу претходно во Брисел имаше средба и со известувач на Европскиот Парламент (ЕП) за Турција Начо Санчез Амор, по што сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во која истакна дека Европскиот парламент (ЕП) треба да одигра конструктивна улога во развојот на односите со Турција.

Тој нагласи дека Европскиот парламент (ЕП) треба да се откаже од својот приод со предрасуда и дискриминација кон Турција.

Подвлекувајќи дека извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за Турција за 2021 година треба да биде неутрален (објективен) и урамнотежен, Чавушоглу укажа и на значењето во извештајот да се нагласи кандидатскиот статус на Турција.

 



Слични вести