Чавушоглу порача во Брисел: Треба да се заживее процесот на приклучување на Турција во ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Брисел се состана со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, потпретседателот на Комисијата Маргаритис Схинас и со еврокомесарите Илва Јохансон и Оливер Вархеји

1568736
Чавушоглу порача во Брисел: Треба да се заживее процесот на приклучување на Турција во ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на главниот град на Белгија, Брисел, по остварената средба со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, премина во Европската комисија (ЕК).

Овде Чавушоглу освен со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен се состана и со потпретседателот на Комисијата Маргаритис Схинас, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на овие свои остварени средби истакна дека треба да се заживее процесот на приклучување на Турција во Европската унија (ЕУ).

Мевлут Чавушоглу потоа сподели објави на својот профил преку социјалната медија.

Изнесувајќи ја констатацијата „Нашиот процес за приклучување треба да биде заживеан“, Чавушоглу го истакна следното: „Треба да се ажурира Царинската унија и да се стави во примена визната либерализација. Треба да ја зголемиме соработката во борбата против нерегуларната миграција и тероризмот. Треба да водиме сеопфатна борба против расизмот, дискриминацијата и исламофобијата коишто се во подем во Европа.“

Во својата споделена објава во врска со остварената средба со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел пак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го напиша следното: „Сакаме да отвориме нова страница со Европската унија (ЕУ). Треба да биде ажуриран со сите негови елементи договорот од 18 март 2016 година. За позитивната агенда треба да работиме заедно. Разговаравме за подготовките за посетата на претседателите на Европскиот совет (ЕС) и Европската комисија (ЕК).“

Во меѓувреме, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен во својата споделена објава во која исто така направи проценка на остварената средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, го напиша следното: „Мора да се воспостави дијалог, меѓутоа истовремено очекуваме убедливо однесување на теренот.“

Потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Маргаритис Схинас пак, рече: „Дојде времето да бидат фрлени позитивни чекори.“

Исто така и во објавеното соопштение од канцеларијата на високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, се истакнува следното: „Европската унија (ЕУ) има стратешки интерес во развивањето на врска со Турција која ќе биде приврзана кон вредности и принципи и ќе содржи соработка и взаемна корист. Состанокот помеѓу Жозеп Борел и Мевлут Чавушоглу обезбеди можност за размена на искрени, отворени и длабоки мислења за напредување во таа насока.“

 



Слични вести