Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 149 лица, бројот на новозаболени опадна на 734

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 149 лица, направени се 163.342 тестирања од кои се регистрирани 734 новозаболени, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.967 лица

1569369
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 149 лица, бројот на новозаболени опадна на 734

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 149 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 24.789 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 163.342 тестирања од кои се дијагностицирани 734 новозаболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.967 лица.

Заврши лекувањето на уште 6.018 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 296 илјади 050 лица.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека поради порастот на случаите на инфектирани предизвикан од мутираната варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се сопрени за привремено летовите од Бразил за Турција.

Претходно исто така поради новата мутирана варијанта на вирусот беа сопрени за привремено летовите за Турција и од Велика Британија, Данска и Јужноафриканската Република.

 



Слични вести