Турција го осуди самоубиствениот терористички напад во главниот град на Ирак, Багдад

Министерството за надворешни работи на Турција објави писмено соопштение со кое го осуди извршениот самоубиствен терористички напад во главниот град на Ирак, Багдад, во кој е соопштено дека загинаа 28 лица, а 73 лица се ранети

1568467
Турција го осуди самоубиствениот терористички напад во главниот град на Ирак, Багдад

Турција жестоко го осуди извршениот терористички напад во главниот град на Ирак, Багдад и нагласи дека стои покрај Ирак.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за веста за големиот број загинати и ранети во извршениот самоубиствен терористички напад на еден пазар во Багдад.

Во соопштението, на загинатите во самоубиствениот напад им се посакува милост од Аллах и се изразува сочувство до бртаскиот ирачки народ и ирачката влада.

Во соопштението се вели следното: „Најсилно го осудуваме овој грозоморен терористички напад, по тој повод уште еднаш нагласуваме дека сме покрај нашиот пријател и сосед Ирак во борбата против тероризмот.“

Инаку, во самоубиствениот терористички напад што беше извршен денеска на еден пазар во центарот на главниот град на Ирак, Багдад загинаа 28 лица, а 73 лица се ранети.



Слични вести