Сочувство од Турција на Шпанија

Министерството за надворешни работи: „Со жалење беше примена веста за силната експлозија во главниот град Мадрид, во која имаше мртви и повредени“

1567992
Сочувство од Турција на Шпанија

 

Турција објави порака со сочувство на Шпанија по повод жртвите кои загинаа во силната експлозија во една зграда во Мадрид, главниот град на Шпанија.

Во писменото соопштение кое беше објавено од Министерството за надворешни работи, беше наведено дека со жалење беше примена веста за силната експлозија во главниот град Мадрид, во која имаше мртви и повредени.

„На шпанскиот народ и на Владата им изразуваме сочувства за сите оние што ги загубија своите животи и на повредените им посакуваме брзо закрепнување“.

Инаку вчера во Мадрид по експлозијата во една зграда во центарот на градот околу 15:00 часот по локално време (17:00 часот по турско време) беше објавено дека загинале 3, а 10 лица биле повредени во експлозијата.



Слични вести