Одлуката на Грција за проширување на границите на територијалните води нема да има никакво влијание

Турција има витални права и интереси во полузатвореното Егејско Море каде што доминираат посебни географски услови

1568057
Одлуката на Грција за проширување на границите на територијалните води нема да има никакво влијание

 

Турција соопшти дека ставот и одлуката на Грција за проширување на своите граници на територијалните води на 12 наутички милји во Јонското Море, во никој случај не влијаат на Егејското Море.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој, објави писмен одговор на прашањето за проширувањето на границите на територијалните води на Грција на 12 наутички милји во Јонското Море и изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

„Ставот на Грција за проширување на границите на нејзините територијални води на 12 наутички милји во Јонското Море завршуваат на југот од Пелопонез и на било кој начин не влијаат на Егејското Море“.

Турција има витални права и интереси во полузатвореното Егејско Море каде што доминираат посебни географски услови.

Нашиот став многу добро им е познат на сите во врска со едностраното проширување на границите кои можат да предизвикаат ограничување на слободата на патување во морињата и овие територијални води и пристапот до отворено море. Нема никакви промени во однос на нашиот став“.



Слични вести