Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“

Минатата година ја затворивме со многу добри резултати во инвестициите и буџетските имплементации

1568378
Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„Нема да застанеме и да се двоумиме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија) Ердоган, на состанокот на проширените градски ограноци на АК партијата учествуваше во живо преку видео конференција.

„Иако минатата година ја поминавме под сенката на епидемијата на новиот вид на коронавирус (Ковид-19), ние ја затворивме со многу добри резултати во инвестициите и буџетските имплементации“ рече Едоган потенцирајќи:

„Се надевам дека во 2021 година ќе ја оствариме целта за остварување многу поголеми иницијативи“.

Претседателот Ердоган,

„Верувам дека достигнавме ниво од кое што можеме да ги реализираме нашите цели во сите полиња, од основните инфраструктури за услуги до одбранбената индустрија.

„Благодарение на силната инфраструктура што ја воспоставивме во последните 18 години како и политичката архитектура што ја изградивме, нашата земја ќе ја искачиме на своето заслужено место во новиот глобален поредок“ рече Ердоган.



Слични вести