Чавушоглу: „Важно е да се создаде позитивна атмосфера во односите Турција-ЕУ“

Потребно е да се преземат конкретни чекори односите да бидат одржливи

1568471
Чавушоглу: „Важно е да се создаде позитивна атмосфера во односите Турција-ЕУ“

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека е важно да се создаде позитивна атмосфера во односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), поради што треба да се преземат конкретните чекори за да бидат одржливи.

Мевлут Чавушоглу во Брисел, главниот град на Белгија се состана со Жозеп Борел, висок претставник за надворешни односи и безбедносна политика на ЕУ.

По состанокот на кој се дискутираше за визната либерализација и прашањата на Царинската унија, Чавушоглу и Борел одржаа заедничка прес-конференција.

Изразувајќи дека во Брисел престојува на покана на Борел, Чавушоглу рече дека денес и утре ќе има многу напорна програма. Посочувајќи дека 2020 година беше една проблематична година во од аспект на односите меѓу ЕУ и Турција, Чавушоглу рече:

„Декемврискиот самит беше позитивен развој за да се создаде попозитивна средина“.

Нагласувајќи дека двете страни се на страната на продолжување на дијалогот, Чавушоглу рече:

“Важно е создавање позитивна атмосфера во односите меѓу Турција и ЕУ. Потребно е да се преземат конкретни чекори односите да бидат одржливи. Турција е важна и во изнаоѓање на заеднички решенија за тековниот проблем на нашите односи со ЕУ“.

Во врска со средбите и разговорите што треба да ги одржи Чавушоглу рече:

„Имавме и многу детален предлог конференција во врска со Источен Медитеран. Исто така повторно ќе разговараме и за нив. Од друга страна, ќе направиме проценка за чекорите што можеме да ги преземеме во врска со визната либерализација. На состаноците што ќе ги одржиме денес и утре на нашите соговорници ќе им ги пренесеме нашите очекувања. Се надевам дека сите овие средби ќе бидат позитивни“.

Борел пак се осврна и на средбите и разговорите меѓу Турција иГрција

„Ние сакаме да ја намалиме напнатоста на Истокот на Медитеранот. Гледаме подобрување на атмосферата кај двете страни. Повторното започнување на преговорите меѓу Турција и Грција е добар чекор“.



Слични вести