Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 153 лица, регистрирани се 6.289 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 153 лица, направени се 165.109 тестирања од кои се регистрирани 743 новозаболени, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.289 лица

1568627
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 153 лица, регистрирани се 6.289 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 153 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 24.640 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 165.109 тестирања од кои се дијагностицирани 743 новозаболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.289 лица.

Заврши лекувањето на уште 6.113 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 290 илјади 032 лица. 



Слични вести