Започната нова операција „Ерен-2 Лиџе“ со учество на 2.024 припадници на безбедносните сили

Министерството за внатреши работи соопшти дека во подрачјето на градот Дијарбакир е започната нова антитерористичка операција „Ерен-2 Лиџе“ во која учествуваат 2.024 припадници на безбедносните сили со 116 оперативни тимови

1567270
Започната нова операција „Ерен-2 Лиџе“ со учество на 2.024 припадници на безбедносните сили

Во подрачјето на градот Дијарбакир е започната нова антитерористичка операција „Ерен-2 Лиџе“ во која учествуваат 2.024 припадници на безбедносните сили со 116 оперативни тимови.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за внатреши работи, продолжуваат операциите насловени како „Ерен“ од кои првата беше започната на планината Тендурек во подрачјето на градот Агри, а со цел целосно елиминирање на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите кои се засолнуваат во ова подрачје. 

Во тие рамки, е започната операцијата „Ерен-2 Лиџе“ во која учествуваат 2.024 припадници на безбедносните сили со 116 оперативни тимови составени од жандармериски командоси, специјални жандармериски сили (JÖH), специјални полициски сили (PÖH) и безбедносни чувари. 

Во соопштението на Министерството се истакнува дека операциите „Ерен“ кои беа започнати на 11 јануари за целосно елиминирање на тероризмот во границите на земјата, со поддршка и на народот продолжуваат успешно со верба и одлучност.



Слични вести