Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани уште тројца терористи на сепаратистичко-терористичката ПКК/ЈПГ.

1567103
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани тројца терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани уште тројца терористи на сепаратистичко-терористичката ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува следното:  „Успешно е спречен уште еден обид за префрлување во подрачјето на операцијата Извор на мирот. Од страна на нашите јуначки командоси  се неутрализирани  тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да извршат напад за нарушување на спокојството и средината на доверба.“

Од друга страна, како резултат на активностите за убедување еден терорист кој избегал од сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК им се предаде на безбедносните сили.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, предадениот терорист и се приклучил на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК во 2013 година.

На тој начин бројот на терористите кои се предадоа по пат на убедување од почетокот на годината досега се зголеми на 10.



Слични вести