Турција го осуди завчерашниот терористички напад во Нигер
Министерството за надворешни работи соопшти дека со длабоко жалење е дознаено за реализираниот терористички напад во областа Дифа во Нигер во близина на границата со Чад, во кој загинаа четворица војници, а 8 војници беа ранети

Турција го осуди завчерашниот терористички напад во Нигер.
Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со длабоко жалење е дознаено за реализираниот терористички напад во областа Дифа во Нигер во близина на границата со Чад, во кој загинаа четворица војници, а 8 војници беа ранети.
Во соопштението се вели следното: „Ја осудуваме оваа грозоморна терористичка акција, го изразуваме нашето искено сочувство до пријателскиот и братски нигерски народ и нигерската влада. На загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите побрзо оздравување.“
Инаку, Министерството за одбрана на Нигер во објавеното писмено соопштение во врска со терористичкиот напад информира дека терористичката организација Боко Харам во моментот на поминување на воен конвој го активира претходно поставениот експлозив во областа Дифа.