МНР на Турција: Критиките на Дендиас во врска со грчкото малцинство во Турција се трагикомични

Турција соопшти дека критиките на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас по прашањето на грчкото малцинство во Турција се трагикомични

1567029
МНР на Турција: Критиките на Дендиас во врска со грчкото малцинство во Турција се трагикомични

Турција соопшти дека критиките на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас по прашањето на малцинствата коишто ги упати на сметка на Турција се трагикомични.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека Никос Дендиас, министерот за надворешни работи на Грција која поради применување на асимилација и политика на притисок врз турското малцинство во Западна Тракија три пати е осудена и прогласена за виновна од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), е трагикомично да ја критикува Турција по прашањето на малцинствата.

Портпаролот Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со зборовите на Дендиас во однос на грчкото малцинство во Турција.

Хами Аксој ја изнесе следната констатација: „Трагикомично е тоа што министерот за надворешни работи на една земја за која од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) три пати е донесена пресуда поради асимилација и политика на притисок што ја врши врз турското малцинство во Западна Тракија, ја критикува нашата земја по прашањето на малцинствата.“

Потсетувајќи дека во Турција во последните години во координација со православните граѓани по потекло Грци се ставени во примена бројни конструктивни чекори во правец на решавање на проблемите на грчкото православно малцинство, Хами Аксој нагласи дека од друга страна по прашањето на решавање на проблемите на турското малцинство во Западна Тракија во Грција која е членка на Европската унија (ЕУ) и која себеси сѐ смета за колевка на демократијата, нема напредок, туку спротивно на тоа има назадување.

Аксој подвлече дека Грција упорно ги крши правата на турското малцинство во Западна Тракија коишто произлегуваат од Лозанскиот мировен договор (1923 година) и мултилатреалните договори. Тој укажа на тоа дека оваа земја сеуште не ги применува одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од чија страна е осудена по прашањето на негирањето на турскиот идентитет на малцинство.

Велејќи дека последните применувања во однос на медресите во Западна Тракија покажуваат дека Грција веќе не само изразот „Турчин или турски“ не може да го толерира дури и изразот „малцинство“, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој го додаде следното: „Додека Турција во рамките на барањата на нејзините православни граѓани од грчко потекло на островот Ѓокчеада ги отвора училиштата дури само и за 4 ученици, Грција продолжува да ги затвора училиштата на малцинствата во Западна Тракија. Тоа што во последните 25 години бројот на малцинските училишта во Западна Тракија од страна на Грција од 231 е намален на 115, претставува најконкретен показател за погледот на двете земји кон малцинствата. Грчкиот министер за надворешни работи (Дендиас) пред да дава вакви очајни изјави треба да се погледне во огледало, најпрвин треба да си го измете сопствениот двор.“



Слични вести