Министерот Хулуси Акар вториот ден од посетата на Ирак водеше разговори во градот Ербил

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и началникот на Генералштабот генерален на армија Јашар Ѓулер во градот Ербил беа пречекани од страна на претседателот на Региналната курдска управа во Ирак (ИКБЈ) Нечирван Барзани

1567061
Министерот Хулуси Акар вториот ден од посетата на Ирак водеше разговори во градот Ербил
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar IKBY Başkanı Neçirvan Barzani1.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar IKBY Başkanı Neçirvan Barzani2.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar IKBY Başkanı Neçirvan Barzani3.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar IKBY Başkanı Neçirvan Barzani4.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, вчера вториот и последен ден од неговата посета на Ирак се состана со претседателот на Региналната курдска управа во Ирак (ИКБЈ или IKBY) Нечирван Барзани, а беше во посета и на канцеларијата на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ) во градот Ербил.

Министерот Акар и началникот на Генералштабот генерален на армија Јашар Ѓулер во градот Ербил беа пречекани од страна на претседателот на Региналната курдска управа во Ирак (ИКБЈ или IKBY) Нечирван Барзани.

Министерот Хулуси Акар и Нечирван Барзани најпрвин одржаа средба лице в лице, а потоа претседаваа со меѓуделегациските разговори.

Пред средбата, министерот Акар посака разговорите да донесат добри резултати (аирлија) за регионот, Ирак и Турција, а воено и Нечирван Барзани го изрази задоволството од пречекот на министерот Акар.

Потоа министерот за национална одбрана Хулиси Акар и делегацијата во негова придружба ја посетија канцеларијата на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ) во Ербил.

Министерот Акар и оние во негова придружба беа пречекани од страна на регионалниот министер на Регионалната курдска управа на Ирак одговорен за формации и член на Извршниот одбор на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ) Ајдин Маруф Селим и други функционери.

Притоа Акар ги поздрави со зборовите „Срцата на сите нас, на 83 милиони (во Турција) се заедно со вас.“

Министерот Хулуси Акар истакна дека во Багдад и Ербил се остварени значајни, корисни и конструктивни разговори и осврнувајќи се на значењето  на заедничкото работење за решавање на проблемите го рече следното: „Она што го посакуваме, нашата желба е што поскоро да бидат решени проблемите, на чело со теророризмот.“

Велејќи „Нашата најискрена желба е вие, сите наши ирачки браќа да живеат во просперитет и спокојство“, Акар напомена дека најзначајната препрека пред тоа е сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Регионалниот министер на Регионалната курдска управа на Ирак одговорен за формации и член на Извршниот одбор на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ) Ајдин Маруф Селим го изрази задоволството од пречекувањето во Ербил на министерот за национална одбрана Хулуси Акар и делегацијата во негова придружба, а воедно го рече следното: „Вие сте значајни за нас. Вашите активности ги поддржуваме до крај.“

Потоа министерот Акар извесно време разговараше со Ајдин Маруф Селим и функционерите на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ).

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер го посетија и Генералниот конзулат на Турција во Ербил, а потоа се вратија во земјата.



Слични вести