Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за Национална безбедност на САД О'Брајан

Во телефонскиот разговор којшто е остварен  пред предавањето на својата должност на советникот за Национална безбедност на САД Роберт К. О’Брајан, беа разгледани односите помеѓу Турција и САД и регионални прашања

1567036
Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за Национална безбедност на САД О'Брајан

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за Национална безбедност на Соединетите Американски држави (САД) Роберт О’Брајан.

Според објавеното соопштение од канцеларијата на портпаролството на претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор којшто е остварен  пред предавањето на својата должност на советникот за Национална безбедност на САД Роберт О’Брајан, беа разгледани односите помеѓу Турција и САД и регионални прашања и притоа  беше нагласено стратешкото значење на односите помеѓу двете земји.

Ибрахим Калин и Роберт О’Брајан, го изразија задоволството од воспоставениот корисен канал на комуникација во период кога беа доживеани различни предизвици во турско-американските односи.

Во телефонскиот разговор, беше нагласено дека она што е основно во односите помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) е континуираноста, во рамките на взаемните интереси и меѓусебното почитување.



Слични вести