Чавушоглу му честита на Јан Кубиш за назначувањето за специјален претставник на ОН за Либија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со словачкиот дипломат Јан Кубиш кој е назначен за специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Либија

1567048
Чавушоглу му честита на Јан Кубиш за назначувањето за специјален претставник на ОН за Либија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со словачкиот дипломат Јан Кубиш кој е назначен за специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Либија.

Според добиени информации од дипломатски извори, во телефонскиот разговор министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му честита на Јан Кубиш за назначувањето на оваа негова нова должност.

Инаку, по оставката на поранешниот претставник за Либија Либанецот Гасан Саламе кој беше назначен на оваа должност во јуни 2017 година, а кој поднесе оставка во март 2020 година поради „зравствени причини“, приближно 10 месеци како не можеше да се назначи нови претставник кој ќе ја води дипломатијата за Либија во Обединетите нации (ОН).

Словачкиот дипломат Јан Кубиш, претходно ја извршуваше должноста специјален координатор на Обединетите нации за Либан и специјален претставник на Обединетите нации за Ирак. 



Слични вести