Сондажните дупчења на местото на бродот „Фатих“ ќе ги врши „Кануни“

Бродот „Кануни“ кој кон инвентарот на Турската нафтена компанија ТПАО се приклучи на почетокот на годината, е изграден во 2012 година

1566891
Сондажните дупчења на местото на бродот „Фатих“ ќе ги врши „Кануни“

 

Бродот за дупчење „Кануни“ (Величествениот) ќе ги изврши тестовите на изворите и активностите за завршување на изворите кои ги правеше бродот „Фатих“ (Освојувачот).

Во објавата што беше споделена преку профилот на твитер на Турската нафтена компанија (ТПАО) беше истакнато дека бродот Кануни ќе ги продолжи досегашните активности за тестирање и завршување на изворите  на бродот Фатих.

Првиот турски домашен брод за дупчење „Фатих“, по активностите за пребарување на резервите на природен гас во Црноморската област, на 19 октомври 2020 година пристигна пред крајбрежјето на населеното Филиос кај Чајџума во Зонгулдак, каде што беше подложен на одржување.

Од друга страна, 2 ноември 2020 година пристигна кај изворот Туркали-1, каде што активностите за дупчење и пребарување ги започна на 5 ноември.

Бродот „Кануни“ кој кон инвентарот на Турската нафтена компанија ТПАО се приклучи на почетокот на годината, беше изграден во 2012 година.

„Кануни“ кој располага со можност за вршење истражување на длабочина од 11.400 метри и капацитет за дупчење до 3.000 метри, е познат и како ултра брод за дупчење од 6-та генерација.

На 13 октомври 2020 година, излегувајќи од пристаништето Мерсин Ташучу, со просечна брзина од 8 милји, бродот поминувајќи низ Босфор на 19 октомври пристигна во пристаништето Хајдарпаша.

Третиот брод за дупчење на Турција „Кануни“,на 13 ноември 2020 година по церемонијата на испраќање на која учествуваше и министерот за природни ресурси и енергија Фатих Денмез, на 14 ноември пристигна на пристаништето Филиос.



Слични вести