Санчез: „Сакаме да ги развиеме односите со Турција“'

Треба да ги зајакнеме односите со Турција која стратешки партнер на Европската унија (ЕУ), чиј процес на пристапување е во тек и е земја членка на НАТО

1566277
Санчез: „Сакаме да ги развиеме односите со Турција“'

 

Шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека сакаат да ги зајакнат односите со Турција и во тој контекст оваа година ќе се одржи меѓувладин самит.

Педро Санчез, во рамките на 6-та конференција на амбасадорите во Мадрид им се обрати на амбасадорите и се осврна на односите меѓу Турција и Шпанија.

Истакнувајќи дека придаваат големо значење на билатералниот самит што планираат да го одржат со Турција, Санчез рече дека во врска со оваа тема разговарал со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

„Треба да ги зајакнеме односите со Турција која стратешки партнер на Европската унија (ЕУ), чиј процес на пристапување е во тек и е земја членка на НАТО“ рече Санчез потенцирајќи дека Шпанија без да се откаже од солидарноста со своите партнери во ЕУ, треба да ја воспостави конструктивен дијалог со Турција.

Подготовките за меѓувладиниот самит меѓу Шпанија и Турција беа разгледани на средбата на  министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 8 јануари во Мадрид со неговиот шпански колега Аранча Гонзалез Лаја и беше најавено дека во втората половина на 2021 година ќе се одржи Самит во Турција.



Слични вести