Поддршка од ТИКА на земјоделците и пчеларите во Јужен Судан

Во рамките на проектот, за пчеларите беа обезбедени 300 кошници и облека која се користи во пчеларството и разновидна опрема

1566324
Поддршка од ТИКА на земјоделците и пчеларите во Јужен Судан

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди материјална поддршка за одгледувачите на живина и пчеларите во Џуба, главниот град на Јужен Судан.

Според писменото соопштение кое беше објавено од ТИКА, Претседателството, во соработка со Министерството за сточарство и риболов на Јужен Судан и Организацијата за развој на иницијативата за поддршка на мирот, на земјоделците кои одгледуваат кокошки им обезбеди соларни инкубатори со капацитет од 500 јајца, 1.500 пилиња, сточна храна, систем за напојување со вода и разни вакцини.

Во рамките на проектот, за пчеларите беа обезбедени 300 кошници и облека која се користи во пчеларството и разновидна опрема.

Министерот за сточарство и риболов на Јужен Судан Оноти Адиго во говорот на церемонијата на која беа доставени живината, кошниците и целата друга опрема, рече дека проектот е многу вреден за земјоделците и помошта за производство е исто така многу важна од економски аспект.

Наведувајќи дека ТИКА отсекогаш била со нив, Адиго го изрази своето задоволство од досега организираните проекти.

Амбасадорот на Турција во Јужен Судан Тугрул Билтекин исто така изјави дека Турција секогаш е покрај народот на Јужен Судан.



Слични вести