Националната фрегата на Турција „Истанбул“ на 23 јануари ќе биде спуштена во морето

Националната фрегата на Турција „Истанбул“ која е првата од фрегатите од „Класата İ“ на 23 јануари ќе биде спуштена во морето

1566703
Националната фрегата на Турција „Истанбул“ на 23 јануари ќе биде спуштена во морето

Националната фрегата на Турција „Истанбул“ на 23 јануари ќе биде спуштена во морето.

Фрегатата „Истанбул“ првата од фрегатите од „Класата İ“ коишто се произведуваат како продолжеток на Проектот Национален брод (MİLGEM) кој се води од страна на Претседателството за одбранбена индустрија, со церемонија што ќе се одржи на 23 јануари ќе биде спуштена во морето.

Бродот чија изградба продолжува во рамките на проектите за одбранбена индустрија на Претседателството за одбранбена индустрија за 2021 година, ќе располага со национален систем на електронско војување, нова генерација на национален систем за управување со војни, напредни оружја, радар и сензори и со системи за комуникација и навигација.

Фрегатата долга 113 метри и широка 14,4 метри, е дизајнирана со напредни карактеристики за морепловство и со целосно национални можности.

Фрегатата „Истанбул“ која е првата од фрегатите од „Класата İ“ се има за цел да и биде предадена на Командата на поморските сили во 2023 година.

 



Слични вести