Министерот за надворешни работи Чавушоглу од 20 до 22 јануари ќе престојува во посета на Брисел
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу од 20 до 22 јануари ќе престојува во посета на Брисел кадешто ќе оствари средби и разговори со високите функционери на Европскиот совет и Европската комисија и со некои членови на Европскиот парламент

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу од 20 до 22 јануари ќе престојува во посета на главниот град на Белгија, Брисел.
Чавушоглу во рамките на посетата на Брисел ќе оствари средби и разговори со високите функционери на Европскиот совет (ЕС) и Европската комисија (ЕК) и со некои членови на Европскиот парламент (ЕП).
Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи по ова прашање, се истакнува следното: „Нашиот почитуван министер ќе се состане и со белгиската вицепремиерка, министерка за надворешни работи, европски прашања, надворешна трговија и за Федерални институции за култура Софи Вилмес и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, со кои ќе се разговара за билатерални и мултилатерални односи.
За време на разговорите во Брисел се очекува да се разгледат сите димензии во односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и процесот на нашето членство, како и актуелните билатерални и меѓународни прашања, при што ќе бидат пренесени нашите очекувања во врска со постигнувањето напредок во позитивната агенда во односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).“