Министерот Акар престојува во посета на Ирак

Турција ги почитува суверенитетот и стабилноста на Ирак и ја изрази важноста на заедничката солидарност и координација

1566299
Министерот Акар престојува во посета на Ирак

Ирачкиот претседател Берхам Салих во Претседателската палата ги прими турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар и началникот на Генералштабот Јашар Ѓулер, кои престојуваат во официјална посета на неговата земја.

Според писменото соопштение кое беше објавено од прес-канцеларијата на ирачкото претседателство, на состанокот беа разменети мислења во врска со можностите за соработка во сите области и беше подвлечено дека „Ирак не треба да биде место за напад врз никого“.

Според соопштението, министерот за национална одбрана Акар рече дека Турција ги почитува суверенитетот и стабилноста на Ирак и ја изрази важноста на заедничката солидарност и координација.

Следната дестинација на министерот Акар и генералот Ѓулер по состанокот во Претседателството беше Министерството за внатрешни работи на Ирак. Акар, кој беше пречекан со церемонија, се состана со ирачкиот министер за внатрешни работи Осман Али Фархуд Ел Ганими.

Министрите Акар, нешто подоцна заедно со генералот Ѓулер по посетата на амбасадата на Турција во Багдад, заминаа за Ербил.

Ирачкиот премиер Мустафа ал Казами, министерот Хулуси Акар и началникот Јашар Ѓулер, кои престојуваа во официјална посета ги прими во владината палата во Багдад.

Во писменото соопштение кое беше објавено од прес-службата на ирачкиот премиер, на состанокот беа разменети мислења за заеднички прашања меѓу двете земји и можностите за зајакнување на воената солидарност.

Ќазими рече дека тие ги отфрлаат терористичките напади од Ирак врз Турција, посочувајќи на фактот дека сите овие закани можат да се отстранат со присуството на безбедносните сили низ целата земја.

Ирачкиот премиер рече дека за зајакнување на армијата имаат потреба од поддршката на Турција.

Според соопштението, министерот за национална одбрана Акар и посака успех на ирачката влада во својата должност и ја зразил спремноста на Турските вооружени сили (ТСК) за поддршка на ирачката армија во областа на борбата против тероризмот, обука и консултации.



Слични вести