Ердоган: „Турција е земја која ги одредува рамнотежите во регионот и светот“

Турција секогаш ќе оди напред, ќе овозможиме повеќе услуги и секогаш ќе преземеме поголеми проекти

1566848
Ердоган: „Турција е земја која ги одредува рамнотежите во регионот и светот“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, рече дека Турција денес е земја која се искачи на ниво која може да ги одредува рамнотежите во регионот и светот.

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК Партија) Ердоган од палатата Вахдетин во Истанбул преку видео конференција учествуваше во живо на 7-от Редовен конгрес на АК Партијата во Дузџе, Чорум, Амасја, Бартин и Карабук.

Ердоган во говорот рече дека тие секогаш ќе одат напред, ќе овозможат повеќе услуги и секогаш ќе преземаат поголеми проекти.

Подвлекувајќи дека Турција постигна голем напредок од безбедноста па се до дипломатијата, Ердоган рече:

„Денес, Турција е земја која се искачи на ниво од каде што може да ги одредува рамнотежите во регионот и на светот“.

Истакнувајќи дека ќе продолжат да работат кон реализацијата на своите цели, Ердоган рече:

„Нашите подготовки во врска со реформските чекори што ќе ги преземеме во економијата и правото, достигнаа фаза на јавно објавување.

Нашите подготовки и работа за многу порадикални реформи со нашата нација ќе ги споделиме кога ќе дојде време“.



Слични вести