Борбата на Турција против Ковид-19 во изминатите 24 часа: Починаа 167 лица, регистрирани се 6.818 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 167 лица, направени се 175.133 тестирања од кои се регистрирани 761 новозаболен, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.818 лица

1566939
Борбата на Турција против Ковид-19 во изминатите 24 часа: Починаа 167 лица, регистрирани се 6.818 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 167 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 24.328 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 175.133 тестирања од кои се дијагностицирани 761 новозаболен.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.818 лица.

Заврши лекувањето на уште 7.218 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 277 илјади 987 лица. 

Вкупниот број на вакцинираните лица во рамките на започнатата вакцинација во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција, изнесува приближно 1 милион лица.

Според редоследот и програмата за вакцинација по здравствените работници на ред се наоѓаат старите лица кои се сместени во домови за старци и домовите за грижа и нега на стари лица над 90 годишна возраст. 

Во меѓувреме, првата доза вакцинација против Ковид-19 во Градската болница во Анкара ја прими и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.



Слични вести