МНР на Турција го осуди грчкиот архиепископ Иеронимос поради неговите скандалозни изјави

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека жестоко се осудуваат изјавите коишто грчкиот архиепископ Иеронимос ги даде во интервју за еден телевизиски канал во врска со исламот

1565466
МНР на Турција го осуди грчкиот архиепископ Иеронимос поради неговите скандалозни изјави

Изјавата на грчкиот архиепископ Иеронимос кој „исламот го окарактеризира како полтичка партија, а за муслиманите рече дека се луѓе на војната“, стана причина за голема реакција.

Турција го осуди грчкиот архиепископ поради овие негови скандалозни изјави.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека жестоко се осудуваат изјавите коишто грчкиот архиепископ Иеронимос ги даде во интервју за еден телевизиски канал во врска со исламот со кои ги пречекори своите граници.

Во соопштението се нагласува дека исламот е религија на мирот која се заснова на толеранција и милост и која обезбедува заедничко живеење (соживот) на различните религии и цивилизации, а воедно се вели следното: „Жално е тоа што се посегнува по нашата света религија, во услови на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) низ којшто поминува целиот свет, и кога секој треба да вложува напори во правец на развивање на средината на меѓусебно почитување и толеранција.“

Освен тоа во соопштението се нагласува дека претставува лош пример тоа што верските личности со изнесување на вакви неосновани изјави го сеат семето на раздорот меѓу општествата, а кои спротивно на тоа би требало да вршат услуга на мирот.

„Овие провокативни изјави на архиепископот кои го поттикнуваат општеството на непријателство и насилство против исламот, истовремено го покажуваат и страшниот степен до којшто достигнала исламофобијата. Овие малигни (лоши) идеи всушност се и причината на растечкиот расизам и непријателството кон исламот и странците во Европа. Освен тоа смисловно е и тоа што овие изјави се дадени во период кога се прават прелиминарни подготовки за експлораторските (истражувачките) разговори и се во својство на несреќен чекор во правец на поткопување на овој процес.“ - стои во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи на Турција.
 



Слични вести