Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Багдад се состана со својот ирачки колега Џума Анад Садун ал-Џубури

Министерот Хулуси Акар во рамките на своите средби и разговори во Багдад најпрвин го посети ирачкото Министерство за одбрана кадешто се состана со министерот за одбрана Џума Анад Садун ал-Џубури

1566056
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Багдад се состана со својот ирачки колега Џума Анад Садун ал-Џубури

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер отпатува во официјална посета на ирачкиот главен град Багдад.

Министерот Хулуси Акар во рамките на своите средби и разговори во Багдад најпрвин го посети ирачкото Министерство за одбрана кадешто се состана со министерот за одбрана Џума Анад Садун ал-Џубури.

По церемонијата на официјален дочек, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и ирачкиот министер за одбрана Џума Анад Садун ал-Џубури најпрвин одржаа средба лице в лице, а потоа претседаваа со меѓуделегаициските разговори.

На средбата помеѓу двајцата министри за одбрана Акар и ал-Џубури присуствуваше и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер.

Во оваа пригода, министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција е спремна за секој вид соработка со Ирак во борбата против тероризмот.

Велејќи дека помеѓу Турција и Ирак вон братски врски постојат роднински врски, министерот Акар напомена дека регионот поминува низ чувствителен период и го рече следното: „Тешкотиите во нашиот регион можеме да ги победиме заедно. Географијата на Блискиот исток која од секој аспект е најубавата географија на светот, нашиот регион, можеме да го доведеме во состојба на центар на мирот и безбедноста. Ги почитуваме територијалниот интегритет, суверенитетот, благосостојбата и просперитетот на Ирак. Политичкото единство на Ирак е суштинско за нас. Како што велиме искрено секогаш нашата единствена цел се безбедноста на нашиот народ, одбраната на нашите граници, да живееме во мир и просперитет во нашите граници, да ги браниме нашите права и интереси. Немаме претензии кон ничија територија.“

Нагласувајќи дека терористичкото присуство во северниот дел на Ирак претставува значајна закана и за двете земји, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Соработката и координацијата во борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК одигруваат многу значајна улога. Спремни с е за секој вид соработка со Ирак.“

 



Слични вести