Мевлут Чавушоглу: Располагаме со попозитивна атмосфера во односите со Европската унија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече:„Благодарение на тоа што пристигнаа позитивни чекори и од Европа располагаме со попозитивна атмосфера (во односите со Европската унија)“

1566006
Мевлут Чавушоглу: Располагаме со попозитивна атмосфера во односите со Европската унија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, денеска во Анкара се состана со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас со кого по средбата лице в лице одржаа и заедничка прес-конференција.

Во оваа пригода, министерот Чавушоглу истакна дека со својот германски колега Хеико Мас постигна согласност по прашањето на заживување на механизмите на билатерален дијалог со Германија во наредниот период.

Правејќи проценка на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Благодарение на тоа што пристигнаа позитивни чекори и од Европа располагаме со попозитивна атмосфера (во односите со Европската унија).“

Подвлекувајќи дека чувствуваат задоволство од тоа што Грција почна повторно да учествува на состаноците на механизмот којшто е фомиран во склопот на НАТО, Чавушоглу рече: „Ние како Турција учествувавме на сите состаноци. Експлораторските (истражувачки) разговори со Грција почнуваат на 25 јануари. Она за коешто разговаравме во 60-тата рунда, за истите прашања ќе разговараме и на 61-тата рунда.“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас пак, го рече следното: „Посакувам да бидат продлабочени односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).“



Слични вести