Ердоган: Го активираме потенцијалот на Турција со приод фокусиран на инвестирање, производство, раст, вработување и извоз

Претседателот Ердоган истакна дека го активираат потенцијалот на Турција со приод фокусиран на инвестирање, производство, раст, вработување и извоз

1565934
Ердоган: Го активираме потенцијалот на Турција со приод фокусиран на инвестирање, производство, раст, вработување и извоз

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска од дворецот Вахдеттин во Истанбул се приклучи преку линк во живо на 7-те редовни Конгреси на својата владејачка Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) во Маниса, Ајдин, Мардин, Адијаман, Килис, Бинѓол, Битлис, Елазиг и Муш.

Претседателот Ердоган истакна дека го активираат потенцијалот на Турција со приод фокусиран на инвестирање, производство, раст, вработување и извоз.

„Ставивме во примена голем број програми коишто ќе го покажат тоа дека постојано сме покрај секој пединец на нашиот народ.“ - рече Ердоган.

Тој истакна дека ги спроведуваат неопходните реформи за силниот раст во економијата и дека ги применуваат со одлучност политиките коишто ги развиваат.

Велејќи „Сме во погодни достигнувања во овој нов процес во секоја сфера од образованието до здравството, од транспортот до енергијата, од индустријата до трговијата“, претседателот Ердоган рече: „Стапуваме во акција со приод фокусиран на инвестирање, производство, раст, вработување и извоз на потенцијалот на нашата земја.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и следното: „Вистина претставува и тоа што со растот на регионалната и глобалната сила на Турција растат и нападите насочени против нашата земја.“



Слични вести