Денеска во Брисел повторно почнуваат техничките состаноци помеѓу воените делегации на Турција и Грција
Министерството за национална одбрана соопшти дека денеска во Брисел повторно почнуваат техничките состаноци помеѓу воените делегации на Турција и Грција за "методите за разградување"

Денеска во главниот град на Белгија, Брисел повторно почнуваат техничките состаноци помеѓу воените делегации на Турција и Грција на кои ќе бидат разгледани "методите за разградување".
Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: "Денеска во 15:00 часот по турско време се планира во Брисел повторно да започнат техничките состаноци помеѓу турско-грчките воени делегации на кои ќе бидат разгледани 'методите за разградување', а за кои беше одлучено по остварената средба помеѓу нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг."
Слични вести

Турција плаче и тагува за хероите кои загинаа во хеликоптерската несреќа
Претседателот оствари телефонски разговор со семејството на херојот генерал-потполковник Осман Ербаш