Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа изнесува 164 лица
Во последните 24 часа беа остварени 151.342 тестови
1566147

Во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Турција животите ги загубија 164 лица.
Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 24.161.
Во последните 24 часа беа остварени 151.342 тестови, а беа регистрирани 748 нови заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 5.862.
Со оздравувањето на уште 7.905 пациенти, вкупниот број на оздравени од Ковид-19 в Турција се зголеми на 2.270.769 лица.
Од друга страна министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека почнувајќи од денес започна програмата за вакцинација против Ковид-19 на лицата над 90 годишна возраст.
Денес почна и вакцинацијата на персоналот којшто работи во домовите за стари изнемоштени лица.