Турција меѓу првите 10 земји во светот со досега најголем број вакцинирани лица
Вакцинацијата против Ковид-19 во Турција започна на 14 јануари, во четвртокот, и продолжува да се врши со голема брзина, така што Турција влезе меѓу првите 10 земји со најголем број вакцинирани лица

Турција со извршените вакцини за само неколку дена влезе меѓу првите 10 земји во светот кои досега вакцинираа најголем број лица.
Вакцинацијата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција започна на 14 јануари, во четвртокот, и продолжува да се врши со голема брзина.
За само неколку дена Турција ги престигна и остави зад себе земјите како што се Франција, Данска и Аргентина кои вршат вакцинација подолго време.
На тој начин Турција влезе меѓу првите 10 земји во светот кои досега вакцинираа најголем број лица.
Едно од местата кадешто се врши најинтензивна вакцинација е Градската болница во Анкара, а воедно процесот на вакцинација продолжува во сите 81 град (окрузи или вилајети) и во текот на викендот.
На тој начин само во првите 4 дена се очекува да бидат вакцинирани приближно 1 милион лица.
Вакцинацијата на здавствените работници во Турција се очекува да заврши идната недела.
Слични вести
