Претседателот Ердоган сподели објава во врска со свечено отворените проекти вчера во градот Маниса
Во споделената објава под наслов „Ја подготвуваме нашата земја за светла иднина“ заземаат место изрази и информации во врска со новоизградените централи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган сподели објава на својот профил на социјалната медија Твитер во врска со новоизградените проекти коишто беа официјално отворени вчера во градот Маниса.
Претседателот Ердоган во својата споделена објава го напиша следното: „За да се прегрне нашата земја со своите цели и соништа работиме деноноќно, пролеваме пот. Четирите енергетски централи и снабдувањето со природен гас на Сома и Киркагач чие официјално отворање го остваривме во Маниса, посакувам да бидат аирлија за нашата земја и за нашите браќа од Маниса.“
Во споделената објава под наслов „Ја подготвуваме нашата земја за светла иднина“ заземаат место изрази и информации во врска со новоизградените централи.
„За инает на оние кои се надеваат дека Турција ќе се сопне, ќе биде вовлечена во криза и хаос, ја подготвуваме нашата земја за светла иднина.“ - напиша претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата споделена објава.
Слични вести
