Претседателот разговараше телефонски со италијанскиот премиер Џузепе Конте

Во телефонскиот разговор беа разгледани чекорите во правец на развивање на односите помеѓу Турција и Италија, а беше направена проценка и на регионални случувања

1564741
Претседателот разговараше телефонски со италијанскиот премиер Џузепе Конте

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во разговорот беа разгледани чекорите во правец на развивање на односите помеѓу Турција и Италија, а беше направена проценка и на регионални случувања. 

Претседателот Ердоган истакна дека им придаваат значење на односите помеѓу двете земји и рече дека во најпогодно време во овие епидемиски услови посакуваат третиот меѓувладин самит со Италија да се одржи во Турција.

Ердоган се заблагодари за поддршката на Италија на Турција во контекст на Европската унија (ЕУ) и напомена дека верува оти Италија ќе ја усмери Европската унија (ЕУ) да применува став во Источниот Медитеран којшто ќе се потпира на здрав разум и правичност.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека ги смета за корисни и чекорите на Италија за соработка со Владата на национално единство во Либија.

 



Слични вести