Претседателот Ердоган разговараше телефонски со својот азербејџански колега Илхам Алиев

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани односите помеѓу Турција и Азербејџан и регионални прашања

1564960
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со својот азербејџански колега Илхам Алиев

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани односите помеѓу Турција и Азербејџан и регионални прашања.

Претседателот Ердоган истакна дека победата којашто ја извојува Азербејџан со водење на една голема борба во нејзината праведна кауза во Нагорно Карабах создаде нови можности во име на мирот и стабилноста во регионот, а воедно напомена дека ќе продолжи придонесот и поддршката на Турција на Азербејџан во сите сфери и во овој нов период.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го изрази задоволството од тоа што се започнати активностите за обнова и повторна изградба во Нагорно Карабах кој е ослободен од страна на Азербејџан од одкупацијата на Ерменија.



Слични вести