Ердоган: Имаме за цел да воспоставиме енергетски сектор заснован на нашите домашни ресурси

Претседателот Ердоган рече: „Велејќи неависна енергија, силна Турција, имаме за цел да воспоставиме енергетски сектор којшто колкушто е можно ќе се заснова на нашите домашни ресурси“

1564898
Ердоган: Имаме за цел да воспоставиме енергетски сектор заснован на нашите домашни ресурси
Cumhurbaşkanı Erdoğan Manisa Toplu Açılış Töreni1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со поврзување преку линк во живо од дворецот Вахдеттин во Истанбул учествуваше на церемонијата на свечено отворање на неколку новоизградени проекти на Министерството за енергија и природни ресурси во Маниса.

Ердоган истакна дека за независна енергија и силна Турција се има за цел да се воспостави енергетски сектор којшто колкушто е можно ќе се заснива на домашни извори.

„Имаме за цел да воспоставиме енергетски сектор заснован на нашите домашни ресурси.“ - рече претседателот Ердоган.

Велејќи дека откако дојде на власт (во 2002 година) досега се доживуваат најуспешните 18 години во историјата на Република Турција, претседателот Ердоган рече: „Пред нас природен гас имаше само во нашите 5 големи градови, додека сега оваа можност за снабдување со гас им ја обезбедивме на сите 81 наш град.“

Ердоган нагласи дека инвестирањето во дистрибуцијата на природен гас во цела Турција достигна до вкупно 27 милијарди турски лири (приближно 3,626 милијарди долари) и го подвлече следното: „Нашите инвестирања во природниот гас ќе ги продолжиме и во 2021 година.“

Појаснувајќи дека до денеска се пребродени бројни неволји, се надминати голем број препреки и се подложени на голем број различни напади, претседателот Ердоган рече: „За инает на оние кои се надеваат дека Турција ќе се сопне, ќе виде вовлечена во криза и хаос, ја подготвуваме нашата земја за светла иднина.“

Тој нагласи дека геотермалната инсталирана моќност која во 2002 година изнесуваше само 18 мегавати, денеска достигна до 1.613 мегавати и го подвлече следното: „Со оваа бројка, Турција во геотермалната енергија се искачи на прво место во Европа, а на четврто место во светот.“

„Велејќи неависна енергија, силна Турција, имаме за цел да воспоставиме енергетски сектор којшто колкушто е можно ќе се заснова на нашите домашни ресурси. Нашата инсталирана можност во електричната енергија којашто ја сметаме за елемент без којшто се не може за економскиот раст на Турција, за 18 години ја зголемивме трикратно до 96 мегавата.Имаме за цел не само во производството, да станеме централна земја и во технологиите на обновлива енергија.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести