Францускиот претседател Макрон напиша писмо до претседателот Ердоган со зборовите „Почитуван Тајјип“

Францускиот претседател Макрон напиша писмо до претседателот Ердоган со зборовите „Почитуван Тајјип“ на турски јазик и ги достави своите најдобри желби до турскиот народ и до претседателот Ердоган

1564744
Францускиот претседател Макрон напиша писмо до претседателот Ердоган со зборовите „Почитуван Тајјип“

Според специјалната вест објавена во францускиот весник „Л'Опинион“, францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во кое истакна дека ги очекува придонесите на Турција за стабилноста на Европа во 2021 година.

Во веста се вели дека Макрон употребува искрени зборови во писмото што го напиша како одговор на испратеното писмо од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 19 декември со желба за негово побрзо опоравување, во периодот кога беше инфектиран од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Францускиот претседател Емануел Макрон своето писмо го започна со зборовите „Почитуван Тајјип“ напишани на турски јазик и ги достави своите најдобри желби до турскиот народ и до претседателот Ердоган.

Велејќи дека се согласува со Ердоган по прашањето на потребата од заедничка борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19), Макрон информира дека тој лично ќе биде задоволен да се разговара по ова прашање и особено во врска со иднината на односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција.

„Се надевам дека 2021 ќе биде година во која со позитивните придонеси на Турција ќе се врати стабилноста на европскиот континент.“ - рече Макрон.

Во веста на францускиот весник „Л'Опинион“ се истакнува дека двајцата лидери Ердоган и Макрон наскоро ќе остварат видео-конференциска средба.

Освен тоа, во веста се говори и за тоа дека на почетокот на конфликтот во Нагорно Карабах помеѓу Азербејџан и Ерменија претседателот Ердоган го одбил барањето на неговиот француски колега Емануел Макрон за средба, а воедно се укажува на тоа дека по 15 месечната затегнатост на средината на декември 2020 година односите помеѓу двајцата претседатели почнаа да омекнуваат.

 



Слични вести