Бројот на вакцинираните здравствени работници против Ковид-19 во Турција изнесува над 645 илјади

Според податоците на Министерството за здравство, бројот на вакцинираните здравствени работници против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција изнесува над 645 илјади

1564771
Бројот на вакцинираните здравствени работници против Ковид-19 во Турција изнесува над 645 илјади

Бројот на вакцинираните здравствени работници против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција изнесува над 645 илјади.

Вакцината „КоронаВак“ (CoronaVac) која пристигна од Кина продолжува да се применува со голема брзина врз здравствените работници и во третиот ден.

Според податоците на Министерството за здравство, во Турција има приближно 1 милион 100 илјади здравствени работници.

На интернет адресата на Министерството „https://covid19asi.saglik.gov.tr“ во ист момент се споделуваат и се ажурираат бројките на вакцинираните лица.

Вакцинацијата на приоритетните групи ќе продолжи со иста брзина.

Во рамките на вакцинацијата првата доза вакцина ја примија и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и министерот за здравство Фахреттин Коџа.

Вакцината „КоронаВак“ (CoronaVac) од која од Кина пристигнаа 3 милиони дози во прва етапа ќе се применува во две дози во интервал од 28 дена.



Слични вести