Борбата на Турција против Ковид-19 во изминатите 24 часа: Починаа 168 лица, регистрирани се 7.550 позитивни случаи
Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 168 лица, направени се 156.792 тестирања од кои се регистрирани 902 новозаболени, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 7.550 лица
1565001

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 168 смртни случаи.
Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 23.832 лица.
Во изминатите 24 часа се направени 156.792 тестирања од кои се дијагностицирани 902 новозаболени.
Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 7.550 лица.
Заврши лекувањето на уште 8.005 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 254 илјади 052 лица.
Слични вести
