Синоќа претседателот Ердоган се вакцинираше против Ковид-19

И јас ја примив вакцината“ стои во пораката која Ердоган ја објави на Телеграм

1564018
Синоќа претседателот Ердоган се вакцинираше против Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, ја прими вакцината против коронавирусот (Ковид-19).

Дозата од кинеската вакцина „CoronaVac“, Ердоган ја прими во Градската болница во Анкара.

„И јас ја примив вакцината“, стои во пораката која Ердоган ја објави на профилот на социјалната мрежа Телеграм.

Вчера започна вакцинацијата на здравствените работници низ Турција.

Претседателот Ердоган по вакцинацијата во болницата рече дека во рамките на успешната програма на вакцинацијата досега се вакцинирани околу 300.000 здравствени работници.

Тој најави дека ќе стигнат уште 25 - 30 милиони дози вакцини против Ковид-19 и дека сакаат да продолжат со вакцинацијата.

Ердоган изрази верување дека програмата ќе биде успешна доколку сите, вклучувајќи ги и политичките лидери и парламентарните пратеници, ја поддржат вакцинацијата.

На здравствените работници Едоган им се заблагодари за напорите кои ги вложуваат во борбата против Ковид-19 и додаде дека нивните напори нема да поминат незабележано.

Во објавата на профилот на Твитер напиша дека целта е во многу краток рок да се вакцинираат сите граѓани.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, беше првиот човек којшто ја прими вакцината „CoronaVac“. По министерот, се вакцинираа и членовите на Научниот совет за борба против Ковид-19.

Според податоците на Министерството за здравство, Турција има 1,1 милион здравствени работници кои би требало да се вакцинираат во рок од еден месец.

Две дози треба да бидат дадени на интервали од 28 дена. Оние кои имаа Ковид-19 нема да бидат вакцинирани четири до шест месеци по нивното оздравување.

Претходно, во средата, официјалниот турски орган за лекови и медицинска опрема ја одобри вакцината „CoronaVac“ за итна употреба против новиот тип коронавирус.

Првата испорака на вакцината против Ковид-19 од три милиони дози, на кинеската компанија „СиноВак Биотех“ (SinoVac Biotech) во Турција стигна на 30 декември.



Слични вести