МНР остро реагираше на пропагандата на терористичката ПКК во Норвешка

И покрај дипломатските иницијативи, ставот којшто Општината Осло упорно го продолжи претставуваше „лош пример“

1563941
МНР остро реагираше на пропагандата на терористичката ПКК во Норвешка

Турција остро реагираше на пропагандата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ, која на манифестацијата во Осло, главниот град на Норвешка, беше прикажана на една табела.

Во соопштението кое беше објавено од  страна на Министерството за надворешни работи (МНР) беше истакнато следното: „Во рамките на активноста поддржана од општина Осло, беше дозволено јавно објавување на табела за таканаречените права на жените што служеше за пропаганда на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ“.

Во соопштението беше истакнато дека и покрај дипломатските иницијативи, ставот којшто Општината Осло упорно го продолжи претставуваше „лош пример“.

Во соопштението во кое беше потсетено дека ПКК е терористичка организација која е одговорна за смртта на повеќе од 40 илјади луѓе, беше истакнато следното: „Жените се меѓу најпогодените од предизвикани од насилствата на ПКК. Фактот дека ПКК/ЈПГ е терористичка и криминална организација го докажа со своите злосторства, вклучително и киднапирање деца, а исто така, тоа се рефлектира и во извештаите за човекови права. Плачот и бунтот на мајките од Дијарбакир, чии деца беа киднапирани и присилно однесени од терористичката организација, е конкретен пример за тоа. И ПЈД/ЈПГ, продолжението на ПКК во Сирија е еден од главните актери на злоупотреба на жени“.

Во соопштението беше упатен повик за окончување на сепаратистичката терористичка пропаганда и беше потенцирано следното: „Ние ги потсетуваме сите оние кои го толерираат тероризмот дека оваа болест еден ден може да ги погоди и нив самите“.



Слични вести