Ердоган: Светот ќе продолжи да зборува за успесите на Турција и во постпандемискиот период

Претседателот Ердоган истакна дека светот ќе продолжи да зборува за успесите на Турција и во постпандемискиот период т.е. периодот по пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1564593
Ердоган: Светот ќе продолжи да зборува за успесите на Турција и во постпандемискиот период

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа при соопштување на резултатите за применување на буџетот на централната управа во врска со 2020 година истакна дека и покрај тоа што епидемијата со себе донесе различни тешкотии, отвори и прозорци на нови можности пред турскиот деловен свет.

Претседателот Ердоган истакна дека светот ќе продолжи да зборува за успесите на Турција и во постпандемискиот период, т. е. периодот по пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека турските фирми со квалитетните производи, конкурентните цени и позначајно од се со нивната доверливост ги престигнаа и оставија зад себе со голема разлика своите ривали во овој период, Ердоган рече: „Турција е земја која наспроти очекуваниот голем пад во глобалната трговија и растот, успеа да не опадне под линијата на позитивен раст. Интензитетот што го долови нашата земја ќе се зголеми уште повеќе. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) светот ќе продолжи да зборува за успесите на Турција и во постпандемискиот период.“

Потсетувајќи дека е ставена во примена голем број дополнителна поддршка за да би можело да се сведе на минимално ниво товарот што го создаваат  врз производителот и вработените ограничувањата коишто мораат да се применуваат поради пандемијата, претседателот Ердоган истакна дека борбата против влијанијата на пандемијата ќе биде поддржана со чекори коишто ќе бидат фрлени ѝ во макроекономска ѝ во финансиска сфера.

Ердоган информира дека едната од основните цели во економијата оваа година ќе биде воспоставувањето на стабилноста во цените.

Тој истакна дека ќе продолжи на ефикасен начин сеопфатната борба против инфлацијата и дека вистинската работа е со намалување на каматите да се сведе надолу инфлацијата.

Појаснувајќи дека буџетскиот дефицит а крајот на годината не достигна ниту 173 милијарди турски лири и дека остана под 239 милијарди турски лири што беше цел на програмата, претседателот Ердоган рече: „Во период кога во земјите во развој постои буџетски дефицит од 10,7 отсто, овој успех што го постигнавме заслужува секакво ценење.“

Ердоган воедно информира дека ќе биде ставена во примена програма за штедење која ќе ги доведе во попродуктивна состојба јавните трошоци.

 



Слични вести