Ердоган: „Одбраната на татковината ќе ја прошириме вклучувајќи ја сајбер татковината“

Ниту една земја не може да ги утврди чекорите што ќе ги преземеме во врска со одбранбената индустрија

1564457
Ердоган: „Одбраната на татковината ќе ја прошириме вклучувајќи ја сајбер татковината“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече Европската унија (ЕУ) досега не ги одржа дадените ветувања на Турција.

Претседателот Ердоган одржа прес конференција во Истанбул.

Објаснувајќи дека како што рече и вчера, нема никакви несакани ефекти поврзани за вакцината против новиот вид за коронавирус (Ковид-19), Ердоган изјави дека втората доза ќе ја прими по 28 дена.

Во освртот на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) Ердоган рече:

„Од 1963 година, ние секогаш се трудевме нашите односи со ЕУ да ги насочиме во позитивна насока. За жал, ЕУ досега не ги исполни дадените ветувања. Сега сме во еден нов процес. Интензивно продолжуваат нашите билатерални разговори“.

Надоврзувајќи се на незадоволството на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со испораката на системите за противвоздушна одбрана С-400 од Русија на Турција, Ердоган рече:

„Ниту една земја не може да ги утврди чекорите што ќе ги преземеме во врска со одбранбената индустрија. Ова целосно зависи од одлуката којашто ќе ја усвоиме ние. Со Русија ја реализиравме првата испорака на С 400. Продолжува испораката на вториот пакет. На крајот на месецот ќе разговараме со Русија. На средбата ќе разговараме за многу прашања. Не знаеме што ќе каже администрацијата на Бајден во врска со средбата. Но имаме и ние што да кажеме. Ние нашите чекори од аспект на одбрана не ги преземаме земајќи дозвола од некаде. Како земја на НАТО, никогаш не можеме да прифатиме земјите со кои сме во НАТО да нè водат“.

Во освртот на борбените авиони Ф-35, Ердоган рече Турција и покрај тоа што им ги даде парите за овие авиони на Соединетите Американски Држави, тие сеуште не ни ги вратија.

„Тоа е голема грешка што САД ни ја направија како сојузничка земја. Се надевам дека (новиот претседател Џо) Бајден ќе преземе многу попозитивни чекори по преговорите“ рече Ердоган.



Слични вести