Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.236.938

Во последните 24 часа беа остварени 169.847 тестови

1563934
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.236.938
erdogan asi.jpg

 

Во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Турција животите ги загубија 170 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 23.495.

Во последните 24 часа беа остварени 169.847 тестови, а беа регистрирани 958 нови заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 8.962.

Бројот на пациентите чија хоспитализација заврши и кои беа отпуштени од болница изнесува 9.011 лица, додека бројот на оние кои оздравеа се зголеми на 2.236.938.

Од друга страна, претседателот Реџеп Тајип Ердоган се вакцинираше против Ковид-19 во Градската болница на Анкара.

Ердоган во објавата преку профилот на Телеграм истакна:

„И јас се вакцинирав“.



Слични вести