Средба на Чавушоглу со Бајрамов во Исламабад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу остварената средба со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов во Исламабад, ја соопшти на својот профил на социјалната мрежа Твитер

1563281
Средба на Чавушоглу со Бајрамов во Исламабад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, по свечената вечера којашто беше приредена од страна на пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши, вчера во главниот град на Пакистан, Исламабад, се состана со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов. 

Чавушоглу остварената средба со својот азербејџански колега Бајрамов ја соопшти на својот профил на социјалната мрежа Твитер со етикетата „Еден народ две држави“ и истакна дека со својот колега ги разгледале најновите случувања во врска со Нагорно Карабах.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својата споделена објава напиша: „Нашата поддршка на нашите азербејџански браќа за изградба на мирот ќе продолжи.“



Слични вести