Омер Челик: Претседателот Ердоган ќе се вакцинира по состанокот на Централниот извршен одбор на АК Партијата

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик истакна дека претседателот Ердоган по состанокот на Централниот извршен одбор (МЈК) на својата партија ќе се вакцинира против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

1563851
Омер Челик: Претседателот Ердоган ќе се вакцинира по состанокот на Централниот извршен одбор на АК Партијата

Централниот извршен одбор (МЈК) на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) се состана под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик истакна дека претседателот Ердоган по состанокот ќе се вакцинира против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Челик рече: „Започнаа работите во врска со вакцинацијата. Работите за одбрана на нашите граѓани од епидемијата, ќе се водат на транспарентен начин на начин со којшто ќе пристигнат до сите средини на нашиот народ. За презентирање на лидерство и за поттикнување почитуваниот претседател ќе се вакцинира по состанокот.“

Од друга страна, портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик, во врска со упадот во Конгресот во Соединетите Американски Држави (САД), рече: „ Несомнено упадот во Сенатот, употребата на насилство, спречувањето на доаѓањето на власт на избраниот претседател, е нелегитимност. И покрај тоа што е воспоставено спокојството постои вонредна состојба. Се надеваме дека стапувањето на должност на новиот претседател ќе се оствари без дискусии и во спокојство.“



Слични вести