Декларација од Исламабад меѓу Турција, Пакистан и Азербејџан за продлабочување на соработката

Министерите за надворешни работи на Турција, Пакистан и Азербејџан ја потпишаа Декларацијата од Исламабад која ќе обезбеди продлабочување на соработката меѓу трите земји во бројни прашања, на чело со политиката, економијата, мирот и безбедноста

1563215
Декларација од Исламабад меѓу Турција, Пакистан и Азербејџан за продлабочување на соработката

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој отпатува во посета на Пакистан кадешто одржа низа средби и разговори во Исламабад учествуваше и на тројниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Пакистан и Азербејџан.

По состанокот се одржа заедничка прес-конференција на која Чавушоглу истакна дека е постигната согласност за развивање на односите меѓу Турција, Пакистан и Азербејџан во голем број сфери.

Нагласувајќи дека на самитот е донесена одлука по прашањето на заедничко работење во голем број сфери, Мевлут Чавушоглу рече: „Одлучивме да фрлиме значајни чекори за зголемување на безбедноста, стабилноста и просперитетот. Првиот состанок на врвот го одржавме во 2017 година во Баку, сега на ред е Турција. Денеска одлучивме состаноците во овој формат да ги одржуваме почесто. Односно не треба да чекаме 3 или 4 години.“

Чавушоглу појасни дека на одржаниот троен состанок со пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов се осврнале и на значењето на развојот на односите меѓу трите земји и ја изнесе следната констатација: „Особено говоревме за тоа колку е значаен развојот на инфраструктурата во транспортот и сферата на енергијата.“

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши, истакна дека неговата земја води блиски и пријателски односи со Турција и Азербејџан и дека е воспоставена крајно значајна доверба во трилатералните односи.

Велејќи дека во разговорите освен соработката во трговијата, инвестициите и безбедноста, биле разгледани прашања посветени и на стратешката и политичката соработка, Курејши напомена дека трите земји располагаат со блиски размислувања и заеднички интереси во однос на бројни различни прашања.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов, во својот говор рече: „Ги поканувам компаниите од Пакистан и Турција да се приклучат кон повторната изградба на териториите коишто ги ослободивме (ослободените територии од ерменска окупација во Нагорно Карабах).“

По тројната прес-конференција, беше потпишана Декларацијата од Исламабад која ќе обезбеди продлабочување на соработката меѓу Турција, Пакистан и Азербејџан во бројни прашања, на чело со политиката, економијата, мирот и безбедноста.“

 



Слични вести