Благодарност од Фетих до Турција за напорите за ставање крај на политичката поделеност во Палестина

Генералниот секретар на Централниот извршен одбор на Движењето Фетих во Палестина Џибрил Ер-Реџуб во Рамалах се состана со генералниот конзул на Турција во Ерусалим (Кудс) во Палестина  амбасадорот Ахмет Риза Демирер

1563401
Благодарност од Фетих до Турција за напорите за ставање крај на политичката поделеност во Палестина

Генералниот секретар на Централниот извршен одбор на Движењето Фетих во Палестина Џибрил Ер-Реџуб се заблагодари за напорите на Турција за ставање крај на политичката поделеност во Палестина.

Џибрил Ер-Реџуб во Рамалах се состана со генералниот конзул на Турција во Ерусалим (Кудс) во Палестина  амбасадорот Ахмет Риза Демирер.

Велејќи дека се заблагодарува за силната поддршка што ја дава Турција за палестинското прашање и независната држава Палестина со главен град Ерусалим (Кудс), Реџуб исто така се заблагодари и за напорите на Турција за ставање крај на политичката поделеност помеѓу Фетих и Хамас.

Инаку, од 2007 година кога на одржаните избори во 2006 година во Палестина на власт во Појасот Газа дојде Хамас, се доживува голема политичка поделеност помеѓу двете големи палестински франкции Хамас и Фетих кои делуваат на палестинските територии под израелска окупација и блокада.

И покрај тоа што во изминатите 13 години беа потпишани голем број договори помеѓу овие две франкции тие не можеа да бидат ставени во примена.
 



Слични вести