Турција изрази загриженост од планот на Израел за изградба на нови населби

Очигледно е дека Израел се обидува да го спречи воспоставувањето на независна и суверена палестинска држава со географски интегритет и да ја елиминира можноста за решение на две држави

1562477
Турција изрази загриженост од планот на Израел за изградба на нови населби

 

Турција изрази загриженост од  изјавите на Израел за одобрување на планот за изградба на дополнителни 850 незаконски станбени објекти  за населување на еврејските доселеници на Западниот брег.

Во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи во врска со забрзувањето на израелските активности за нелегално населување беше истакнато следното:

„Загрижени сме од изјавите на Израел дека ќе ги одобри плановите за изградба на дополнителни 850 станбени објекти на Западниот брег“.

Во соопштението беше посочено дека овој чекор претставува најнов пример на нелегитимни практики на Израел пред новата администрација во Соединетите Американски Држави (САД) да стапи на должност.

„Очигледно е дека Израел се обидува да го спречи воспоставувањето на независна и суверена палестинска држава со географски интегритет и да ја елиминира можноста за решение на две држави. Ја повикуваме меѓународната заедница согласно резолуциите на ОН да го примени потребниот притисок врз Израел и да се спротивстави на овие агресивни активности“.

Во соопштението беше наведено дека израелските власти одлуката за изградба на уште 850 станбени објекти на Западниот брег за еврејските доселеници ќе ја одобрат следната недела.



Слични вести